Better Health Channel
betterhealth.vic.gov.au
betterhealth.vic.gov.au

Останете здрави оваа зима (Stay well this winter - Macedonian)

Инфлуенцата (грипот) и COVID -19 се присутни цела година, но зимата е особено лоша за ширење на болести.

Вие може да си помогнете да останете здрави со тоа што:

  • ќе се вакцинирате против грип и COVID -19 што е можно поскоро
  • ќе одржувате растојание од 1,5 метар меѓу вас и други луѓе
  • често ќе ги миете или дезинфикувате рацете
  • ќе ги покривате устата и носот со лактот кога кашлате или кивате
  • ќе носите маска за лице
  • ќе обезбедите добра вентилација
  • ќе останете дома ако не ви е добро.

Тие постапки ќе помогнат вие, вашите пријатели, роднини и заедницата да останете здрави, и ќе го заштитите здравствениот систем кој е под голем притисок.

Што треба да знаете

  • Вакцинацијата против грип се препорачува на сите на возраст од 6 месеци и постари.
  • Вакцинацијата против COVID -19 е достапна за сите на возраст од 5 години и постари, а бустер дозата за 2023 година е достапна за сите на возраст од 18 години и постари.
  • Против грип и против COVID-19 може да се вакцинирате во исто време.
  • Против грип и COVID -19 може да ве вакцинира вашиот аптекар или вашиот доктор (GP). Аптекарите може да даваат вакцини против грип и COVID-19 на секој на возраст од 5 години или постар.
  • Мнозинството луѓе може безбедно да закрепнат од грип и COVID-19 дома.
  • Разговарајте со вашиот доктор која е најдобрата нега за вас ако оваа зима добиете COVID-19 или грип. Тоа ќе ви помогне да добиете најдобра нега - ако и кога ви е потребна. Некои луѓе ги исполнуваат условите за лекови на рецепта кои може да ги намалат здравствените компликации и потребата од болничко лекување поради COVID-19 или грип, ако се земат наскоро откако ќе се појават симптоми. Повеќе информации може да ви даде вашиот доктор
  • Вашиот доктор е најдоброто лице да ви помогне, ако не ви е добро.

Вакцинација против грип

Заради помош да останете здрави оваа зима, бесплатно вакцинирање против грип е достапно за приоритетните групи кои ги исполнуваат условите.

Тие приоритетни групи вклучуваат:

  • деца на возраст од 6 месеци до 5 години
  • луѓе на возраст од 65 години и постари
  • Абориџини и лица од островите во Теснецот Торес на возраст од 6 месеци и постари
  • бремени жени - во сите фази на бременост
  • лица на возраст од 6 месеци и постари, со медицински состојби кои ги изложуваат на зголемен ризик од тежок грип и компликации од него.

На децата им треба специјална заштита од грип, особено на бебињата и на малите деца. Вакцината против грип е исто толку важна како другите рутински детски вакцини и ќе ги заштити децата од најчестите соеви на грип.

Повеќе информации за вакцинацијата против грип најдете на интернет или разговарајте со вашиот доктор. Ако ви треба преведувач, јавете се на TIS National на 131 450.

Вакцинација против COVID

Навремената вакцинација против COVID-19 е важна за да останете здрави оваа зима.

Секој во Австралија на 5 години и постар има право на бесплатна вакцинација против COVID-19, а бустер дозата за 2023 година е достапна на секој на 18 години и постар.

Вашата следна доза примете је во вашата локална аптека или кај доктор по општа пракса (GP). Најдете ги во ваша близина користејќи Vaccine Clinic FinderExternal Link .

Останете здрави оваа зима

Give feedback about this page

Reviewed on: 27-03-2024